Помош за настраданите од поплавата во Шипковица

Шипковица, 6 август 2015 (Ајде!) – Граѓанската платформа „Ајде!“ и Фондацијата Отворено општество – Македонија, денеска, донираа 1,4 тони вода за настраданите од поплавите во с. Шипковица, тетовско.

Локалното население организирано преку Кризниот штаб постојано е на терен и работи на потрага на шестгодишното исчезнато девојче, организирање на помошта која тековно пристигнува и на расчистување на наносите од камења, дрва и шут кои уништија голем дел од селото.

Речиси и да не постои куќа во која не влегла вода, 90 куќи се оштетени, а 25 се целосно уништени. Населението од Шипковица има потреба од вода, конзервирана храна, лекови, кебиња, сунгери и облека. За секоја донација, препорачуваме претходна консултација со Kризниот штаб во Шипковица (Дашмир Садики, 070263087).

Фотографии: Ванчо Џамбаски (CC by-nc-sa)