Нов протест: (Не)Уставните судии ја попречуваат правдата!

Нaјава за нов граѓански протест
„Да го одбраниме Уставот од Уставниот суд“:
(Не)Уставните судии ја попречуваат правдата!
(сабота, 5 март 2016, 13 часот, зграда на Уставен суд)

АЈДЕ – Платформата за граѓанска политика ги повикува сите слободоумни граѓани и граѓанки на Република Македонија масовно да учествуваат на саботниот протест пред зградата на Уставниот суд, во 13 часот.

Ајде уште еднаш јасно и громогласно да порачаме дека ние, граѓаните на оваа држава, нема да престанеме да протестираме сè додека судиите кои ја донесоа одлуката за помилување на изборните измами и други тешки криминали не си поднесат оставка.

Судиите

  • Елена Гошева,
  • Никола Ивановски,
  • Владимир Стојаноски,
  • Вангелина Маркудова и
  • Јован Јосифовски,

не само што се „гробари“ на Уставот, туку се и соучесници на власта во попречувањето на правдата.

Бидејќи попречувањето на правдата е сериозно кривично дело, едногласно го поддржуваме предлогот на Специјалното јавно обвинителство тоа кривично дело да биде што е можно побрзо воведено во правниот систем на Република Македонија и најстрого санкционирано.

Петтемина судии се само продолжена рака на партијата на власт и соучесници во изборните кражби, затоа што причинско-последичната врска меѓу нивната одлука и случајот „Титаник“ е повеќе од очигледна.

Граѓанки и граѓани, ајде сите в сабота, 5 март, во 13 часот да се собереме пред Уставниот суд и да порачаме: „НЕМА ПРАВДА – НЕМА МИР!“.

 

(Поканете ги и Вашите пријатели преку настанот на Фејсбук!)

Да го одбраниме Уставот од Уставниот суд! 05.03.2016. сабота 13:00.

Да го одбраниме Уставот од Уставниот суд! 05.03.2016. сабота 13:00.