Најава: Мирен протест против законот за цензура на „бомбите“

7 октомври, среда, 18:00 часот, пред Собранието на Република Македонија.

Протест против најавениот предлог-закон за забрана на објавувањето на прислушуваните материјали.
СТОП ЗА ЦЕНЗУРАТА!
НЕ ГИ ДАВАМЕ БОМБИТЕ!
НЕ ЈА ДАВАМЕ ВИСТИНАТА!
СТОП ЗА ФАШИСТИЧКИ ЗАКОНИ!
НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ!

Причината е едноставна, имаме право на слободно информирање и изразување, а тоа право е повредно и повисоко од која било политичко-фашистичка сила претставена преку бројка на пратеници.

Член 16, Устав на Република Македонија:

 

Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата.
Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање на институции за јавно информирање.
Се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување на информации.
Се гарантира правото на одговор во средствата за јавно информирање.
Се гарантира правото на исправка во средствата за јавно информирање.
Се гарантира правото на заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно информирање.
Цензурата е забранета.

 

 

12143089_991511080908443_3994900700432152189_n(Настан на Фејсбук)