Да го одбраниме Уставот од Уставниот суд: Бдеење! 15-16.03.2016.

Бдеење за Уставот сѐ до оставка на (не)уставните судии
(вторник, 15 март, 18 часот – среда, 16 март)

АЈДЕ – Платформата за граѓанска политика ги повикува сите слободоумни граѓани и граѓанки на Република Македонија, сите членови на организации, здруженија, иницијативи, синдикати и политички партии, масовно да учествуваат на протестот и бдеењето за Уставот, затоа што (не)уставните судии во среда, на 16-ти март, планираат експресно да ја донесат одлуката за помилување на изборниот криминал и други тешки криминали.

Бдеењето за Уставот ќе започне со протестен марш на 15. март, во вторник, во 18 часот, пред зградата на Владата. Граѓаните ќе се упатат кон Народната канцеларија на Претседателот на државата, потоа кон Собранието на Република Македонија и на крајот ќе пристигнат пред Уставниот суд и таму ќе останат во текот на ноќта и одржувањето на закажаната седница на Уставниот суд.

На ваков начин ние, граѓаните, решително и бескомпромисно ќе им порачаме на уставните судии:

  • Елена Гошева,
  • Никола Ивановски,
  • Владимир Стојаноски,
  • Вангелина Маркудова и
  • Јован Јосифовски

дека мора да ја поништат одлуката за помилување и дека мора да си поденесат оставка.

Тие се „гробари“ на Уставот и соучесници на власта во изборните кражби, затоа што причинско-последичната врска меѓу нивната одлука и случајот „Титаник“ е повеќе од очигледна.

НЕМА ПРАВДА – НЕМА МИР!

(Поканете ги и Вашите пријатели
преку настанот на Фејсбук!)

#новоМКзнаме #протестирам за спас на Уставот од (не)уставните судии!

#новоМКзнаме
#протестирам за спас на Уставот од (не)уставните судии! од @banekoma