Уште еден напад врз граѓански активист: Нема да дозволиме стравот да биде темел на нашата иднина!

Вчера, на 26 април 2015 година, од страна на непознато лице со качулка, беше нападнат граѓанскиот активист Славчо Димитров. Во само една недела, во Македонија, неколку новинари добија предупредувачки закани, а неколку граѓански активисти беа и физички атакувани на јавни места. Ваквиот „биланс“ недвосмислено покажува дека во Македонија не само што се засилува атмосферата на линч врз критичарите на власта, […]

Read more

Линчот врз критичарите на власта мора веднаш да запре!

Соопштение од АЈДЕ! – Платформа за граѓанска политика Скопје, 25.04.2014 Изразуваме сериозна загриженост заради засилените притисоци, закани и напади врз граѓаните, активистите и новинарите кои имаат критичко мислење спрема власта и нејзините политики, и бараме атмосферата на линч спрема слободномислечките луѓе да престане, а надлежните институции да ги преземат сите неопходни чекори за заштита на правото на слободата на изразување […]

Read more

Протестен марш – НЕ за неуставните закони за хонорарците!

Петок, 24 април 2015, 12:00 часот, пред Министерство за финансии (новиот објект на улица Даме Груев). Протестен марш до Уставниот суд, за поднесување на околу 7.000 претставки на граѓаните и граѓанките на Република Македонија за укинување на неуставните закони, со кои се врши грабеж над хонорарците! (Настан на Фејсбук) E premte, 24 prill 2015, me fillim në ora 12:00 para […]

Read more

Законите за хонорарци се неуставни! Приклучи се кон групната претставка до Уставниот Суд на Република Македонија

Право на еднаквост и работнички права за хонорарците! Зошто? Хонорарците ќе плаќаат придонеси, а нема да имаат право на плата, на пауза, на годишен одмор, на синдикално здружување, на породилно/родителско отсуство итн. хонорарците се заглавени во бирократските лавиринти кои ни администрацијата не знае како да ги спроведе, зашто законите се непрецизни, двосмислени и нејасни; нејасно е за кој период хонорарците […]

Read more

Уставна иницијатива на „АЈДЕ!” за законите за хонорарците

Придонесите за хонорарите се дискриминаторски и неуставни АЈДЕ! – платформа за граѓанска политика, со помош на граѓаните и еснафските здруженија, изготви нацрт-иницијативата за оспорување на уставноста на законите со кои се регулира плаќањето придонеси за хонорарите, а кои Собранието ги усвои во јули 2014. Овие закони, пред два дена, беа изменети во скратена постапка и повторно без консултација со засегнатите […]

Read more

„АЈДЕ!“ го поддржува и се приклучува на протестот за Кежаровски

АЈДЕ! – Платформа за граѓанска политика го поддржува и се приклучува на протестот против срамната затворска пресуда на Апелацискиот суд за новинарот Томислав Кежаровски. Бруталниот, а воедно и кукавички акт на ноќното полициско приведување и спроведување во затвор на новинар, чија единствена „вина“ е професионалноста и кажувањето на вистината уште еднаш го соголува начинот на владеење во Македонија. „Ајде!“ го […]

Read more

Проглас

Почитувани граѓанки и граѓани, Демократија не е можна без активни и здружени граѓани! Се здружуваме за да ги вратиме слободата, демократијата и социјалната правда во Република Македонија! Денес, тие се загрозени токму од оние кои треба да ги штитат. Денес, Македонија е сиромашна, неправедна и сè позатворена земја. Денес, демократијата е сведена само на гласање на избори. За нас, демократијата […]

Read more
1 2