Ајде! пред Влада: Спектакуларно сечење лента на оградите на власта!

(Покана за настан: 12 септември 2015, сабота, 13 часот.)

 

Почитувани сестри и браќа,

Ве известуваме дека утре (сабота), 12 септември, 2015 година, со почеток во 13 часот, ќе имате можност да присуствувате на спектакуларното сечење лента на новата ограда на Владата на Република Македонија.

За да присуствувате на настанот и за да ви биде издадена потврда за влез, треба на „лице место“ пред Владата, да ни доставите список од најмалку 15 ваши роднини, пријатели и колеги.

Не ја пропуштајте извонредната можност да пресечете лента и да се оградите од скапоцената владина ограда!

АЈДЕ заедно да ги славиме нашите големи дела и успеси!

Македонија оградена и вечна!

За Македонија напреТ! Важно се (о)гради!

Со почит,

О.К. Миле ми текна од Прилеп