„АЈДЕ!“ го поддржува и се приклучува на протестот за Кежаровски

АЈДЕ! – Платформа за граѓанска политика го поддржува и се приклучува на протестот против срамната затворска пресуда на Апелацискиот суд за новинарот Томислав Кежаровски.

Бруталниот, а воедно и кукавички акт на ноќното полициско приведување и спроведување во затвор на новинар, чија единствена „вина“ е професионалноста и кажувањето на вистината уште еднаш го соголува начинот на владеење во Македонија.
„Ајде!“ го повикува своето членство, поддржувачите, симпатизерите и сите граѓанки и граѓани без исклучок да застанат во одбрана на слободата и да учествуваат на протестот, кој ќе се одржи на 20 јануари 2015, во 12 часот, пред зградата на Апелацискиот суд во Скопје.

 


„АЈДЕ!“- Платформа за граѓанска политика претставува неформална, но организирана група слободоумни поединци со различни идеи и ставови, која сака да ги зајакне и здружи расцепканите демократски сили во земјата.
„АЈДЕ!“ се стреми да ја врати моќта за носење политички одлуки во рацете на граѓаните на Република Македонија.